333
Австралискиот актер Расел Кроу е непрепознатлив, а причината за тоа е еден потег на ѕвездата. Имено, тој се избричи за првпат по долги пет години.
Последниве години беше познат по својата брада, но сега се одлучи за сосема поинаков изглед.
Ѕвездата на филмот „Гладијатор“ сподели фотографија со своите фанови на социјалните мрежи и ја покажа својата нова промена.
Во описот објасни и навести дека се работи за подготовки за филм.
The actor prepares #20.
First shave since 2019. pic.twitter.com/e48ctxh9GY— Russell Crowe (@russellcrowe) February 19, 2024
„Актерски подготовки. Прво бричење од 2019 година“, напиша актерот
Фановите во коментарите напишаа дека Расел изгледа „20 години помладо“.