Салма Хајек има прекрасна врска со нејзината поќерка Матилда Пинаулт, а тоа го покажа и со својата најнова објава на Инстаграм. Таа јавно и го честиташе 23-от роденден.
„Среќен роденден Тилди Тилди Тилди, те сакаме и сме толку горди на жената што стана“, напиша Салма заедно со неколку нивни заеднички фотографии од нивниот одмор. Вака го открила прекарот кој го нарекува нејзината поќерка.
View this post on Instagram
Таа е блиска со децата на нејзиниот сопруг
Актерката е во брак со бизнисменот Франсоа-Анри Пинаулт од 2009 година. Салма ја има ќерката Валентина Палома со Пинаулт. Бизнисменот го има синот Аугустин Џејмс од бракот со Линда Евангелиста, а од првиот брак со Дороти Лепер ја има ќерката Матилда и синот Франсоа.
Од почетокот на нејзината врска со Пино, Салма развива добри односи со неговите деца. Таа објави фотографии со Аугустин повеќе пати.