📸 Сараево доби нов трамвај по 40 години

од Stefanija Kuzmanovska
252 прегледи

Првиот од 15-те трамваи произведени од швајцарската компанија „Штадлер“ пристигна во Сараево во текот на ноќта.

Оваа информација на социјалните мрежи ја објави кантоналниот министер за транспорт Аднан Штета, пренесува порталот „Бизнисинфо“.

„По 40 години Сараево има нови трамваи! Пристигна првиот“, напиша Штета.

Како што потсетува порталот, испораката на трамвајот започнала од Полска, каде што е произведен. По тестирањето во Полска, сега ќе следи тестирање и во Сараево. По тестирањето ќе биде пуштен во редовен сообраќај.

Останатите 14 трамваи треба да бидат испорачани во Сараево во текот на следните неколку месеци.

Слични содржини