710
Целиот регион го потресе веста дека девојчето Вања Ѓорчевска (14), по која Балканот трагаше со денови, е пронајдена мртва.
Како што беше соопштено, Вања била убиена во понеделник наутро
Пронајдено е и телото на велешанецот Панчо Жежовски (74), чие исчезнување беше пријавено на 22 ноември. За убиството на Панчо и Вања, според обвинителството, стојат исти лица.
За овој трагичен настан се огласи и Тијана Дапчевиќ.
„Тага… Немоќ… Бес… Прости ни, Вања. Сочувство до семејството“, напиша Тијана со емотикон на скршено срце и црно-бела фотографија од девојчето жртва, како и цитат посветен на неа.
„Гази ги облаците, меко и чисто, овде е лигаво, валкано и калливо“, ги цитираше Дапчевиќ стиховите на Марко Виденовиќ.