6,7K
По вчерашната прослава на една домашна компанија која одбележа јубилеј, утринава вработените од „Паркови и зеленило“ се соочија со шокантна глетка во скопскиот Градски парк. Како што се гледа од фотографиите кои ги сподели ЈП Паркови и зеленило – Скопје, паркот беше преплавен со отпад. Лименки и пластика беа расфрлани на секој чекор.
„Утрово теренските екипи експресно го исчистија паркот од големото количество отпад,“ соопштија од „Паркови и зеленило“.
Реакциите на социјалните мрежи за некултурата на посетителите не престануваат, а дел од револтираните граѓани бараат да се забранат вакви манифестации. Исто така многумина прашуваат и дали отпадот, особено лименките и шишињата, биле однесени на рециклирање.
И.И.