📸 Шпанската принцеза во униформа: Леонор на воена обука

од Stefanija Kuzmanovska
314 прегледи

Шпанската принцеза Леонор пристигна на Пиринеите каде во наредниот период ќе посетува воена обука.

Фотографите ја фотографираа идната шпанска кралица на скијачката патека со други кадети. Таа ја започна својата прва година на воена обука во август минатата година.

„Како и во сите парламентарни монархии, престолонаследникот мора да има воена кариера. Во догледно време, жена ќе биде врховен командант на вооружените сили. Во последните неколку години, вложуваме големи напори да ги вклучиме жените во вооружените сили“, изјави претходно министерката за одбрана Маргарита Роблес.

Во октомври Леонор положи заклетва и на тој начин го стекна основниот услов да стане кралица на Шпанија. Во полната сала на шпанскиот Конгрес, на церемонијата на полагање заклетва беа присутни бројни официјални лица, меѓу кои и премиерот на земјата Педро Санчез. Според Ел Паис, на настанот биле присутни 585 гости.

„Се колнам дека верно ќе ги извршувам своите должности, ќе ги заштитам и ќе се погрижам да се почитуваат Уставот и законите, како и да се почитуваат правата на граѓаните и автономните заедници и лојалноста кон кралот“, рече принцезата при полагањето заклетва.

Слични содржини