📸 Студентскиот сојуз на Правен факултет бара јавно извинување од ФСС на Филозофски

од Даниел Ѓорѓиевски
402 прегледи

Факултетското студентско собрание на Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје излезе со јавно соопштение во кое изразува револт и загриженост поради трагедијата во Кочани, но и незадоволство од начинот на кој дел од студентските претставници ја користат ситуацијата.

„Како студенти на Правен, како никогаш досега се соочуваме со тоа дека правдата е само концепт и дека ништо нема да ни ги врати тие прекрасни, млади и надежни животи. Сите сме изреволтирани, вознемирени и растревожени од континуираното потфрлање на системот и институциите“, стои во соопштението.

Од ФСС-ПФ реагираат на, како што велат, злоупотреба на ситуацијата од страна на студентското собрание на Филозофскиот факултет, обвинувајќи ги за ширење лажни информации и незнаење на нивните надлежности.

„Бараме јавно извинување од членовите на студентското собрание на Филозофскиот факултет не кон нас, туку кон сите студенти, бидејќи ја злоупотребуваат ситуацијата за манипулација. Трагедијата не смее да биде политички капитал“, порачуваат студентите од Правен.

Тие повикаа на единство и рационално размислување, посочувајќи дека е време за борба против корупцијата и нефункционалниот систем, а не за индивидуални агенди.

 

Слични содржини