📸 Тажен и безволен: Познатиот Џои за првпат во јавноста по смртта на Метју Пери

од Stefanija Kuzmanovska
398 прегледи

Познатиот Мет Лебланк кој го глумеше Џои Трибиани во ситкомот „Пријатели“ е фотографиран за првпат во јавноста по смртта на Метју Пери.

Чендлер Бинг и Џои беа цимери и фантастичен тандем на малите екрани, а нивното пријателство постоеше и надвор од камерите.

Мет Лебланк се појавил во јавноста два дена откако се огласи во врска со смртта на Метју Пери, кого го сметал за член на своето семејство, заедно со остатокот од главната актерска екипа на „Пријатели“.

Актерот изгледаше крајно тажно, што може да се види на фотографиите кои ги објави „Дејли Мејл“.

Во 2016 година, Лебланк изјавил за People, зборувајќи за неговото пријателство со Метју Пери, дека можат да поминат и пет години, а тие би влегле во просторија и со леснотија би ги започнале своите добро познати разговори.

Слични содржини