Најпопуларната пејачка на светот Тејлор Свифт моментално е на турнејата Ерас во Австралија, а престојува во Сиднеј.
Таму го изнајмила претседателскиот апартман во хотелот со пет ѕвездички Crown Sydney, кој нуди неверојатен поглед на заливот и симболот на овој град – Сиднејската опера.
Како што пренесуваат светските медиуми, Тејлор Свифт престојува во луксузниот пентхаус.
Претседателскиот апартман се наоѓа на 88 кат, а благодарение на стаклените ѕидови долж целиот простор, како и отворената тераса каде што има приватен базен, има неверојатен поглед на пристаништето и Операта. Ноќевање во ваков луксуз чини околу 23.000 евра.
Тејлор пристигна во Сиднеј по три распродадени концерти во Мелбурн. Таму на стадионот „Акор“ ќе одржи четири концерти, а мирот кој ѝ е потребен, како и се друго што ѝ треба ќе го има во овој стан, во кој има и концертно пијано.
Покрај тоа, овој луксузен апартман на своите гости им нуди канцеларија, соба за масажа, приватна теретана и спална соба со бања.
Пејачката пристигна во Австралија по завршувањето на азискиот дел од турнејата, а последен пат настапи во Јапонија. Таа имаше само кратка пауза поради финалето на Супер Боул, каде го бодреше своето момче Тревис Келси.