📸 Тие се во одлични односи: Дакота Џонсон фотографирана со поранешната сопруга на своето момче

од Stefanija Kuzmanovska
345 прегледи

Крис Мартин, фронтменот на британскиот бенд Колдплеј, веќе неколку години е во врска со актерката Дакота Џонсон. Пред неа, Мартин беше во брак со холивудската ѕвезда Гвинет Палтроу, со која има две деца.

По разводот, двајцата останаа во одлични односи и важат за еден од најубавите примери дека и по разделбата двајца луѓе можат нормално да функционираат.

Освен одличните односи меѓу Крис и Гвинет, сега е потврдено и дека Дакота е во пријателски односи и со поранешната сопруга на нејзиното момче.

Имено, двете го поминале викендот заедно, славејќи го Денот на благодарноста, а потоа се појавила фотографија на која се држат за рака.

Да потсетиме, Дакота потекнува од актерско семејство – нејзиниот татко е познатиот Дон Џонсон, а нејзината мајка е Мелани Грифит.

Гвинет и Крис беа во брак од 2003 до 2014 година. По разводот, актерката започна врска со продуцентот Бред Фалчук, со кој се омажи во 2018 година.

Слични содржини