📸 Тоа се вика wow ефект! Позната актерка има предобар фустан

од Radmila Tasevska

Пред празниците, на „Нетфликс“ доаѓа биографскиот филм „Маестро“ со Бредли Купер како режисер, сценарист и негова главна ѕвезда. Официјалната премиера ја имаше овој вторник во Лос Анџелес, а заедно со Лејди Гага најголемо внимание на црниот тепих обезбеди Кери Малиган, пренесе Стандард лајф.

Двапати номинирана за Оскар, 38-годишната актерка во филмот „Маестро“ го отелотворува ликот на Фелисија Монтеалегра, сопругата на еден од најпознатите американски композитори, диригенти и пијанисти, Леонард Бернштајн (Бредли Купер).

На гала премиерата во Лос Анџелес, таа остави малкумина рамнодушни со својот изглед во светкав, полноќен син фустан, чиј дизајн со прекриено деколте со спуштени ремени предизвикува wow ефект.

Кери Малиган
Кери Малиган

За нејзиниот беспрекорен изглед на филмската промо турнеја се грижи познатиот стилист Ендрју Мукамал, а блескавиот фустан кој го избра за неа пристигнува со потписот на француската модна куќа „Селин“.

Водени од правилото „помалку е повеќе“, таа го заокружи ова гламурозно издание со пристојни висечки обетки од „Булгари“, со минимална шминка и мазна боб фризура.

Слични содржини