📸 Три месеци по разводот, Кевин Костнер уловен во прегратките на 19 години помлада пејачка

од Stefanija Kuzmanovska
409 прегледи

Актерот Кевин Костнер неодамна се разведе од Кристин Баумгартнер.

Тие имаа бурна бракоразводна парница, но на крајот успеаја да се договорат, а сега се зборува дека актерот утеха нашол во пејачката Џул Килчер, која е 19 години помлада од него.

Според TMZ, тие двајца неодамна поминале време заедно на Карибите поради добротворната организација Children Foundation која таа ја основала, а оние кои биле со нив рекле дека „тие изгледаат вљубено“.

„Дефинитивно нешто се случуваше. Флертуваа, а кога беа заедно како и двајцата само да блескаа. Се обидуваа да бидат дискретни, но секој што ги виде заедно забележа дека има нешто таму“, изјавиле извори за споменатите медиуми.

На една од фотографиите кои стигнаа до јавноста, може да се види Џул како седи во скутот на Кевин, додека тој ја прегрнува, а пејачката се огласи на Инстаграм и му се заблагодари на Костнер за се.

„Неверојатно време, а јас го користам за да се опуштам, одморам и танцувам со мојот син. Кевин Костнер беше доволно љубезен да ги менторира нашите деца оваа година“, напиша Џул, а досега ниту еден од двајцата не ги коментираше наводите за врската.

Слични содржини