Извршниот продуцент на популарната израелска серија на Нетфликс „Фауда“ Матан Меир (38), како припадник на армијата, е убиен во Газа во конфликт со милитантите на Хамас, објави „Мирор“.
Меир имаше улога во најпопуларната израелска серија „Фауда“, која, според критичарите, реално го прикажува израелско-палестинскиот конфликт.
Тој бил убиен во саботата, заедно со уште четворица израелски војници, во експлозија во Газа.
We are devastated to share that one of our Fauda family members, Matan Meir, was killed in action in Gaza. Matan was an integral crew member. The cast and crew are heartbroken by this tragic loss. We extend our condolences to Matan’s family and friends. May his soul rest in peace pic.twitter.com/kuaJ2gclGk
— Fauda Official (@FaudaOfficial) November 11, 2023
Меир одговорил на повикот на војската да ѝ помогне на 551-та бригада од 597-от баталјон кога избувна војната откако Хамас го нападна Израел на 7 октомври.
Официјалната профил на мрежата Х на серијата „Фауда“ ја потврди смртта на продуцентот.
„Изразуваме сочувство до семејството и пријателите на Матан, нека почива во мир“, стои во соопштението од екипата на серијата.
Меир е еден од петте војници на ИДФ кои беа убиени во експлозија на влезот во подземен тунел во областа Беит Ханун во Појасот Газа, на кои Хамас поставил замки, објави претходно The Times of Israel.