📸 Зошто Џастин Бибер не беше дел од настапот на Ашер на Супер Боул?

од Stefanija Kuzmanovska
331 прегледи

Американскиот пејач Ашер во неделата настапи на Супер Боул, но многумина беа изненадени од фактот што неговиот долгогодишен пријател Џастин Бибер не му се придружи на сцената.

Раперот и пејач на полувремето од Супер Боул во неделата покажа дека е во иста форма како на почетокот на кариерата, а на сцената му се придружија и Алиша Кис, H.E.R., Will.i.am, Џермејн Дупри, Лил Џон и Лудакрис. И покрај лошите коментари за настапот на Ашер, шоуто го гледаа повеќе од 30 милиони домаќинства.

Но Џастин Бибер, кој публиката со нетрпение го очекуваше, не беше еден од гостите. Познато е дека Ашер побарал од Бибер да учествува во неговиот настап, но Бибер одбил.

Непосредно пред финалето на Супер Боул, долгогодишното пријателство на Бибер со Ашер ги поттикна гласините на социјалните мрежи дека тие ќе се здружат на сцената пред 65.000 луѓе и телевизиска публика од милиони. Наместо тоа, Бибер и неговата сопруга Хејли од трибините го следеа настапот на неговиот поранешен ментор.

„Нема лоша крв помеѓу Ашер и Џастин. Џастин едноставно не го сакаше тоа, едноставно не чувствуваше дека треба да биде дел од шоуто на Ашер“, изјавил извор близок до пејачите.

Ашер даде се од себе за да се обиде да го убеди Бибер и сакаше да создаде момент кој ќе ѝ оддаде почест на нивната заедничка соработка.

Инаку, Ашер му помогна на Бибер да стекне светска слава на само 13 години, откако беше откриен од музичкиот магнат Скутер Браун, а заедно го снимија дуетот Somebody to Love во 2010 година, пренесува Buzzfeednews.

Слични содржини