Некогаш најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо ја искористи паузата во Саудиска Арабија за да се опушти со својата партнерка Џорџина Родригез во луксузното одморалиште Сен Тропе. Секако, такво нешто не можеше да помине покрај папараците кои ги фатија на јахта.
Кристијано и Џорџина биле видени како споделуваат интимни моменти додека пловеле во Франција, па не се ни потрудиле да се сокријат.
Тие отидоа толку далеку што Роналдо без двоумење ја фати Џорџина за задникот, што беше „уловено“ од папараците. Тој потег предизвика бран реакции на социјалните мрежи.
Вљубениот пар изгледаше целосно опуштено, уживајќи во мирните води на француската ривиера и пиејќи пијачки. Роналдо во тоа уживање скокна во вода, кое Џорџина го испрати со насмевка.
Cristiano & Georgina today. 🤣 pic.twitter.com/bFPKNiGQp9
— TCR. (@TeamCRonaldo) September 2, 2024
Инаку последните денови се шпекулира за тајната венчавка на Роналдо и Родригез, откако тој во промотивно видео ја нарече своја „жена“. Ништо не беше потврдено, но многумина го зграпчија тој детал и започнаа лавина.
Тие двајца се заедно од 2016 година, имаат четири деца, а Роналдо има уште три од претходни врски.