📸Болсонаро проневерил накит вреден 1,2 милиони долари

од Vladimir Zorba
16 прегледи

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро за време на неговиот мандат проневерил накит вреден 1,2 милиони долари, се наведува во истражниот извештај на бразилската федерална полиција, објавен вчера од Врховниот суд.

Минатата недела Болсонаро беше обвинет за проневера, перење пари и криминален заговор во врска со луксузен накит од Саудиска Арабија, пренесува АП.

Оваа истрага е дополнителен притисок врз лидерот на екстремната десница, кој беше претседател од 2019 до 2022 година, кога ги загуби изборите од Луис Ињасио Лула да Силва.

Болсонаро не го коментираше последниот полициски извештај, но претходно негираше вмешаност во проневера на накит. Станува збор за накит и часовници кои ги добил како вредни подароци додека бил на претседателската функција.

На Болсонаро веќе му е забрането да извршува јавна функција до 2030 година поради, како што наведуваат властите, кршење на демократијата, потсетува Ројтерс.

Наводите за накит доаѓаат откако Болсонаро беше формално обвинет во март за фалсификување на сертификат за вакцинација Ковид и тековната истрага за неговата вмешаност во немирите во јануари 2023 година, кои се обидоа да го соборат неговиот наследник на избори.

Слични содржини