„Боже, таа е најубавата жена на светот“, напишаа луѓето на Интернет за Анџелина Џоли откако актерката се појави на премиерата на Бродвеј на мјузиклот The Outsiders, чиј продуцент е и таа. Таа дојде во придружба на нејзината 15-годишна ќерка Вивиен Џоли-Пит, за која вели дека е голем вљубеник во театарот.
„Вивиен дефинитивно најмногу ужива во театарот и е вистинска обожавателка. Секогаш ќе ме поправа. Ми дофрла: „Зарем не ја прочита белешката? Мора да го направиме ова, мора да поминеме низ ова…” Таа го сфаќа тоа многу, многу сериозно“.
Навистина, Вивиен и помогна на мајка си во продукцијата на целата претстава, а најмногу соработуваше со композиторот на мјузиклот Џастин Левин. Тинејџерката се облекуваше речиси исто како композиторот Џастин. Син работнички комбинезон беше нивниот избор за оваа премиера.

Анџелина Џоли
Од друга страна, Анџелина на премиерата дојде во златен фустан над кој носеше кафена наметка. Аутфитот го комплетираше со златни обетки и сандали во бордо лакирана кожа. Многумина забележаа и како ја осветлила бојата на косата.
„Сè поубава како одминува времето“, „Таа е навистина убава овде“, „Дали е реално колку е убава ?“, пишуваат ентузијастичките фанови на Твитер.