📸Бредли Купер отвори ресторан во Њујорк кој нуди само едно јадење

од Vladimir Zorba
890 прегледи

Американскиот актер Бредли Купер, освен глумата, ја сака и гастрономијата во која реши професионално да се испроба во последните денови од оваа година. Го отвори ресторанот Danny&Coop во Њујорк, а концептот на ресторанот е таков што нуди само едно јадење. Тоа е Фили Чизстик – сендвич од тенко исечено печено говедско месо, динстан кромид и топен кашкавал.

Веќе пишувавме за овој сендвич од Филаделфија – создаден е во 1930-тите на уличен киоск, кога браќата Пет и Хари Оливиери, кои продаваа виршли, решија да си „поиграат“ со тенко исечени стекови и да ги додадат во пециво. Подоцна, во смесата беше додаден и кашкавал, а сендвичот на крајот стана туристичка атракција.

Зад името на ресторанот Danny&Coop стојат две имиња – Дени ДиЏиампиетро и Бредли Купер. ДиЏиампиетро е сопственик и на познатата пицерија во Филаделфија Angelo’s. Ова не е нивна прва соработка – тие беа атракција и минатата зима, кога организираа „pop-up food cart“ во Њујорк. Тие на улица го подготвија познатиот чизфтек, а собраните пари ги донираа во хуманитарни цели.

Многу луѓе на социјалните мрежи го пренесуваат отворањето на ресторанот. „Стигнав пред ресторанот час и петнаесет минути пред отворањето, на улицата веќе имаше ред. Како и секој друг ресторан на Менхетен, местото е мало и преполно, како да сте во ноќен клуб. Но, луѓето брзо ги добиваа своите нарачки, а Бредли лично ги подготвуваше и ги поздравуваше клиентите“, рече една посетителка.

Сендвичот чини 17 долари.

Слични содржини