📸Дали Бекам конечно ќе ја добие титулата што ја посакува со години?

од Vladimir Zorba
68 прегледи

Популарниот поранешен фудбалер Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија, поранешна членка на популарната група „Спајс грлс“, пред неколку дена се појавија во Бакингемската палата каде кралот Чарлс беше домаќин на емирот на Катар.

Бекам беше амбасадор на Англија на Светското фудбалско првенство во Катар, а тој и кралот се во многу добри односи веќе неколку години и имаат заеднички интерес – љубовта кон пчелите. Во една прилика дури и Бекам на кралот му подарил домашен мед, а се вклучил и во работата на неговата хуманитарна фондација.

Според странските медиуми, Бекам долго време посакува посебна титула – сака да биде витез. Но, се чини дека и овој пат не заврши на листата…

– Тоа уште нема да се случи – изјавил изворот за Дејли Мејл и открил дека на таа титула му се смешка на поранешниот селектор на Англија, Герет Саутгејт.

– Дејвид е среќен поради него, добро е што нема да биде тој, но никогаш не се знае што го чека во иднина – рекол изворот.

Без разлика што очигледно нема да ја добие долго посакуваната титула, барем не уште, Бекамови убаво се дотераа за настанот во палатата.

Посебно внимание привлече Викторија, која се појави во еден од фустаните со сопствен дизајн, а косата ја врза во уредно опавче. Тие заедно со другите гости уживале во празнична вечера на која, како што пишува Мирор, имало фазан, јастог, јајца од препелица, шербет од слива…

Слични содржини