📸Девојката на Ди Каприо покажа премногу, но сите забележаа една интересна работа

од Vladimir Zorba
446 прегледи

Леонардо Ди Каприо (49) и неговата девојка Виторија Черети (26) веќе неколку недели крстарат по Медитеранот, а најновите слики се направени на југот на Франција, а папараците ја сликаа Виторија во минимално бикини кое откри повеќе отколку што сокри.

Убавата Италијанка во еден момент остана топлес, а сосема логично овие фотографии веднаш станаа хит на интернет.

Сè се случи во близина на Кан, а неколку детали привлекоа големо внимание – првиот беше големиот прстен кој Леонардо и го подари на Виторија, а многумина шпекулираа дека станува збор за веренички, иако актерот тоа никогаш не го потврди.

Исто така, иако беше сосема очигледно колку е згодна Виторија, Леонардо ја разочара женската публика со својот изглед и пивскиот стомак, а многумина коментираа дека тој повеќе личи на камионџија отколку на најголемиот холивудски заводник.

Да потсетиме, Леонардо и Виторија станаа главни вести во таблоидите во август 2023 година, по лавината гласини дека Ди Каприо наводно бил во врска со Џиџи Хадид.

Виторија зад себе има еден брак, откако од 2020 до 2023 година беше во брак со италијанскиот диџеј Матео Милери, пишува Daily Mail.

Исто така, Виторија изгради завидна репутација како модел, има направено повеќе од 400 ревии на најпознатите дизајнери, а дури 23 пати се појавила во различни меѓународни изданија на магазинот „Вог“.

Слични содржини