📸Дуа Липа објави фотографија со новото момче

од Vladimir Zorba
40 прегледи

Познатата пејачка Дуа Липа ги изненади своите фанови со објава на Инстаграм. Имено, таа објави фотографија од себе и Калум Тарнер и со тоа потврди дека излегува со британскиот актер. На фотографијата тие лежат на тревата еден спроти друг и се гледаат во очи.

Гласините за нивната романса беа поттикнати на премиерата на серијата на Калум, Masters Of The Air, во јануари. Двојката е видена во јавноста неколку пати, вклучително и по забавите на Греми и Брит наградите.

По објавувањето на нејзиниот албум „Radical Optimism“ во мај, парот беше виден како шета во Њујорк, пишува „People“.

Калум Тарнер е шест години постар од Дуа Липа, а актерската кариера ја започна во 2011 година. Тој е познат по улогите во серијалот филмови „Fantastic Beasts“ и „The Boy in the Boat“ на Џорџ Клуни.

Покрај со глума, тој се занимава и со манекенство. Работел за брендови како Burberry, Reebok и Vogue.

Слични содржини