📸Ferrari F40 Alte Prestazioni by Officine Fioravanti

од Vladimir Zorba
8 прегледи

Officine Fioravanti е млада компанија од Торино специјализирана за егзотични автомоди, а сега нуди специјален пакет за легендарниот Ferrari F40.

Според Motor1, целта е да се направи еден од најпознатите суперавтомобили во историјата „побезбеден, поупотреблив и, доколку е потребно, уште подобар кога се работи за перформансите“. Резултатот е нивниот Ferrari F40 Alte Prestazioni.

Пакетот Officine Fioravanti вклучува подобрено управување и Ohlins суспензија, додека системот за сопирање е подобрен со нови карбон-керамички дискови и Brembo клешти, заедно со подобрено поставување на ABS.

Покрај тоа, има и нови тркала. Тие го задржуваат познатиот стил на F40, но сега се 18 инчи напред и 19 инчи назад. Гумите се Michelin Cup 2 или Pirelli P Zero.

Како што е наведено, Ferrari F40 Alte Prestazioni е создаден да биде возило кое го задржува својот вообичаен шарм и култен статус, а истовремено е полесен за возење.

„F40 е ремек дело создадено за да се вози, а не само да се прикажува“, велат од компанијата.

Слични содржини