Mansory има навика да ги прави екстремните суперавтомобили уште поекстремни. Понекогаш ги прави подобри, понекогаш контроверзни, а сега пристигна нова креација базирана на Ford GT, создадена во соработка со Under Armour.
Станува збор за моделот Mansory Ford GT Le Mansory, кој е инспириран од НБА легендата Стеф Кари. Автомобилот го краси комбинација од жолто и црно, како и патиките Echo на познатиот кошаркар, кои Under Armour и Carry ги претставија на НБА Ол-стар натпреварот.
Според Mansory, автомобилот е дел од национална кампања, па може да се очекува неговото појавување на претстојните настани.
Уникатната креација е „луда“ на начин на Mansory, секој панел на Ford GT е изменет или заменет, па малку дели со оригиналот, освен задните светла. Карбонските елементи со кариран финиш, нови фарови и едноставни хоризонтални дневни светла доминираат на предниот дел заедно со новата хауба направена од одделот Atelier на Mansory.
Задната половина од автомобилот е особено дива, со прилагодени панели и прагови од јаглеродни влакна, нови куќишта на ретровизорите и два големи отвори на покривот. Mansory подготви и нов капак на моторот, масивно задно крило, нов дифузор и три завршетоци на издувните цевки.
Капакот на моторот е жолт и одговара на надворешноста. Внатрешноста е исто така обложена со црна и жолта кожа, односно Алкантара, а има бројни значки Mansory и Under Armour.
Моќниот 3,5-литарски твин-турбо V6 мотор, исто така, е надграден и сега испорачува 710 КС и 840 Nm вртежен момент.
Произведени се само три модели Le Mansory, а ова е трет и последен од нив.