📸G-Power G4M Bi-Turbo

од Vladimir Zorba
4 прегледи

Тјунинг куќата G-Power има уште една понуда за модификација на BMW M4 (G82), па така 3,0 литарскиот твин-турбо шестцилиндричен мотор по нивната обработка има 650 КС и 780 Nm.

Беше отстранет и блокот за максимална брзина, па овој G4M Bi-Turbo достигнува „над 300 km/h“.

Исто така, се нуди и посилна варијанта со 720 КС, која има максимална брзина од 320 km/h.

Достапни се и нови тркала (21-инчен Design Hurricane RR), посилни сопирачки, модифицирана суспензија (автомобилот е понизок за 40 mm), предни „бубрези“ од јаглеродни влакна, хауба од јаглеродни влакна GP Venturi RR со отвори за воздух, покрив од јаглеродни влакна и ретровизори , аеро каросерија (странични здолништа, преден спојлер, спојлер на багажникот), како и црна и портокалова внатрешност од јаглеродни влакна.

Слични содржини