📸Грабар-Китаровиќ откри како ослабела: „Сакам пица, но ретко си ја дозволувам“

од Vladimir Zorba
185 прегледи

Поранешната хрватска претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ за „24 сата“ откри како ја одржува линијата долги години и кои се тајните и триковите на нејзината кујна и здрава исхрана.

Рекла дека не практикува нискокалорични диети. Вели дека не јаде храна богата со празни калории, туку ја заменува со храна богата со хранливи материи, па помфритот го заменува со грчка салата.

„Не бројам калории, но внимавам на гликемискиот индекс на храната. Не консумирам додаден шеќер или висококалорични пијалоци. Целосно го исфрлив додадениот шеќер од исхраната, а солта и скробот ги намалувам колку што можам“, рече поранешната претседателка.

Таа додава дека како маснотија консумира само маслиново масло.

„Ја сакам пицата, но ретко си ја дозволувам, само кога сум надвор со добро друштво. Кога нарачувам пица, мора да биде со зеленчук. За среќа, навистина сакам зеленчук и салати и не можам да живеам без нив како и без добра супа или чорба“, додаде таа.

Таа признава дека сака нејзиното мени да вклучува чорби направени од зеленчук, боранија и грашок, многу зелен лиснат зеленчук и друг зеленчук без или со малку скроб, многу различни салати, риба, пилешко и јаткасти плодови.

„Сакам авокадо, но тука е тешко да се најде добро и доволно зрело авокадо“, додава Колинда.

Слични содржини