📸Интимни фотографии за првата годишнина: Касел и 30 години помладата Нара се лудо вљубени

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Францускиот актер Винсент Касел (57) и неговата триесет години помлада девојка, манекенката Нара Баптиста, ја прославија првата годишнина од нивната љубов, по повод која на Инстаграм објави неколку заеднички романтични фотографии, за кои јавноста немала можност да ги види до сега.

Сликите покажуваат дека славниот пар е многу заљубен и дека големата разлика во години не им претставува проблем, иако поради овој факт нивната врска беше осудена на пропаст.

На една од фотографиите убавата Нара позира топлес и прави селфи додека актерот ја бакнува и гушка во бањата, а токму оваа објава привлече најголемо внимание.

„Јас живеам поради тебе“, напишала манекенката во коментарот.

Слични содржини