📸„Ја имаме фотографијата на деценијата“: Бред Пит и Џорџ Клуни позираа во вода

од Vladimir Zorba
151 прегледи

Надалеку е познато дека тие се едни од најголемите мангупи во историјата, а кога Џорџ Клуни и Бред Пит ќе се појават заедно во кадарот, тогаш се оди во воздух.

Холивудските заводници, а пред се талентирани актери, престојуваа на југот на Франција, каде направија сесија на која, се чини, многу уживаа.

Пит (60) и Клуни (63) позираа во лежерно, но и вистинско шик издание, додека за новото издание на GQ зборуваа за своето пријателство, кариера и стареењето. Тие соработуваа и на најновиот филм „Волци“, кој наскоро ќе излезе во кината.

Имаа само убави зборови за нивното пријателство.

Бред оди кај Џорџ за совет во врска со живото, додека тој му праќа селфи од снимања. Бред за нивното пријателство го рекол следново: „Џорџ ќе разбере нешто што никој долго време нема да го разбере, за што не мора ни да зборуваме. Во тоа има одредена доза на утеха“.

„О, боже, мислев дека тоа е новата реклама за филмот „Оушн“, „Најжешките мажи на планетата и сè до Марс“, „Изгледаат толку жешко, дури и секоја брчка на нивното лице се гледа“, беа само некои од коментарите.

Но, тоа што двајцата сезаедно не е најдобриот дел!

За потребите на фотосесијата за септемвриското издание на магазинот „GQ“, Бред Пит и Џорџ Клуни се фотографираа на имот во Франција, а интересно е што Бред и Анџелина се заколнаа на својата вечна љубов токму на ова место пред 10 години, во август 2014 година.

Станува збор за познатиот „Шато Миравал“, поради кој поранешната двојка долги години се „влече“ на суд.

Според наводите од судењето кои протекоа во јавноста, Анџелина го прекршила договорот и го продала својот удел во винаријата на руски милионер.

Дали овие фотографии ќе и се допаднат како и на нас?

Слични содржини