📸Како принцеза: Убавата Анџелина Џоли во луксузен фустан, ја покажа новата тетоважа

од Vladimir Zorba
34,3K прегледи

Актерката Анџелина Џоли освои една од најпрестижните награди во кариерата на синоќешното доделување на театарските награди „Тони“ во Њујорк, како продуцент на претставата „The Outsiders: A New Musical“.

Таа за оваа специјална вечер се појави во кадифен кринолин од корсет и широко лелеаво здолниште по нејзини мерки, а прекрасната креација доаѓа од брендот „Версаче“.

Со неа убавата Анџелина носеше соодветен шал од ист материјал и во иста боја, а доза на елеганција додаде со внимателно одбраниот, дискретен накит.

Таа покажа и нова тетоважа во средината на градите, во форма на мала птица во лет, која ја симболизира слободата.

На доделувањето се појави со ќерката Вивиен (15), која ја мотивираше да се занимава со продукциската работа на ова шоу, а која и парираше на нејзината мајка – во зелено-бела комбинација.

Слични содржини