📸Канје почна да продава маици со свастика

од Vladimir Zorba
255 прегледи

Канје Вест, познат како Је, во последно време ја шокира јавноста. Откако купи 30 секунди рекламен спот за време на Супербол, кој беше реклама за неговата веб-страница Yeezy, раперот почна да продава маици на кои има кукаст крст. Белите маички со црна свастика на предната страна се единствениот производ што може да се купи на неговата веб-страница, а по цена од 19,95 евра.

Во рекламата, која се емитуваше во текот на втората четвртина од натпреварот помеѓу Канзас Сити Чифс и Филаделфија Иглс, раперот носи очила за сонце и се пофали дека „има нови заби“. „Што има, екипа? Ги потрошив сите пари за рекламирање на овие нови заби, па морав повторно да ја снимам на мојот iPhone. Ем… ух… посетете го Yeezy.com“, рече тој во рекламата.

Тој неодамна предизвика и лавина реакции откако на X сподели фотографија од истите маици со кукасти крстови, тврдејќи дека со години сакал да ги „направи“. „Ова е моето најголемо уметничко дело досега“, рече тој. На маичката стои натписот „HH“, за кој многумина веруваат дека се однесува на фразата „Heil Hitler“.

Неговата објава на X досега ја погледнале повеќе од осум милиони луѓе, а контроверзниот рапер се соочи со бројни критики. „Целосно си ја уништи репутацијата“, „Те молам, немој“, „Човеку, твоите деца сега би биле толку разочарани од тебе“, „Ми недостига стариот Канје“, беа само некои од коментарите.

Канје претходно на X тврдеше дека е нацист и дека „го сака Хитлер“. Потоа им се заблагодарил и им ја изразил својата љубов на „другите рапери, црни, геј луѓе, Евреи, геј Евреи, геј еврејски рапери, интернет тролови и невродивергентни луѓе“. Тој му упати посебна благодарност на Илон Маск. На крајот напиша дека „всушност ги сака сите, особено дебелите жени“.

Патем, раперот во претходниот испад рече дека го повлекува своето извинување од 2023 година за антисемитските изјави.

„Никогаш нема да се извинам за моите коментари за Евреите“, напиша тој, меѓу другото, во серијата објави објавени од четврток навечер до петок наутро. Некои објави се скриени поради политиката на X бидејќи се оценети како „навредливи“.

Слични содржини