На салонот за автомобили во Брисел, Renault ја претстави ажурираната верзија на електричниот концепт Twingo E-Tech. Тоа е уште еден чекор поблиску до серискиот модел кој ќе биде лансиран следната година и ќе чини помалку од 20.000 евра во основната верзија.
Разликите се минимални, мали корекции се забележуваат на 3D печатените предни и задни браници, а освен црните елементи на работ на предниот браник, малку е променет и доводот за воздух.
Очигледно концептот е многу близок до серискиот модел. Ретровизорите и рачките на вратите сега се исто така блиску до сериската верзија.
Внатрешноста е откриена. Очекувано од денешните модели доминираат два екрани, но Renault има и посебен контролен модул за климатизација. Седиштата имаат шарени обрасци инспирирани од легендарната прва генерација.
Генерално, целиот пакет изгледа одлично, а останува да се види дали Renault ќе направи голем скок напред во електричната мобилност со новото Twingo.