📸Mansory Lamborghini Huracan Sterrato

од Vladimir Zorba

Тјунерската куќа Mansory го „наштима“ и Lamborghini Huracan Sterrato, и тоа во високо ексклузивно возило кое може да се приспособи според желбите на клиентите и кое уште еднаш импресивно го демонстрира мотото „Mansory ве прави побрзи насекаде“.

Неговиот 5,2-литарски V10 мотор има 620 КС, додека забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 3,3 секунди.

Во пакетот од карбонски влакна се вклучени и нов преден спојлер, доводи за воздух, хауба, рамки на калниците, странични прегради, заден спојлер, заден дифузер…

Покрај тоа, автомобилот доби сет од тркала FO.6, како и модифицирана внатрешност (алкантара, карбонски влакна…).

Huracan Sterrato е инаку подигнат Huracan (+ 44 mm), со поширока трага на тркалата (+ 30 mm напред и 34 mm назад), со два дополнителни фарови, браници, заштитни елементи, шини на покривот, карбон- керамички дискови (380 mm напред и 356 mm назад), како и изменета суспензија и заден механички самоблокирачки диференцијал.

Слични содржини