📸Мбапе во Мајами со атрактивна манекенка

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Килијан Мбапе наводно е во врска со моделот Дани Грејс Алмеида, пишува Page Six.

Минатата недела биле видени во Мајами во ресторан, а потоа и во ноќен клуб. Извори блиски до 25-годишниот фудбалер тврдат дека тој и Дани биле многу блиски и се држеле за рака. Не е познато колку долго се забавуваат, но фановите уште во април забележаа дека манекенката објави видео на Инстаграм од еден од натпреварите на фудбалерот.

Сепак, парот не ги потврди тврдењата. „Во овој момент не сакам да ја коментирам нашата врска“, накратко изјави Дани за претходно споменатите медиуми. Фудбалерот не одговараше на повиците на новинарите.

Килијан претходно се забавуваше со белгиската манекенка Стефани Роуз Бертрам и трансродовиот модел Инес Рау. Пред две години, тој беше поврзуван и со моделот на Викторија Сикрет, Стела Максвел, но тие никогаш не ги потврдија гласините.

Инаку, Мбапе по Европското првенство замина на одмор во Мајами.

Слични содржини