Румер Вилис неодамна ги почести своите обожаватели со провокативни фотографии на кои е облечена во истото бикини што ја прослави нејзината мајка Деми Мур во филмот „Стриптиз“ од 1996 година. Објавата предизвика бројни реакции, а многумина ја коментираа неверојатната сличност помеѓу мајката и ќерката.
Деми во филмот ја глумеше Ерин Грант, а Румер, тогаш седумгодишна, ја глумеше нејзината ќерка Анџела. Сега, речиси 30 години подоцна, Румер реши да и оддаде почит на мајка си така што гордо позираше во светкавото златно бикини. Својот изглед го комплетираше со очила за сонце и црни потпетици, а посебно внимание привлече тоа што на фотографиите изгледа сосема природно, без шминка.
Заедно со серијата фотографии, Румер сподели и неколку кадри со нејзината ќерка Луета Исли, која наскоро ќе наполни две години.
Rumer Willis slips into mom Demi Moore’s iconic gold bikini from ‘Striptease’ — almost 3 decades later https://t.co/cBpaAZVAU9 pic.twitter.com/7qFU7lXysm
— Page Six (@PageSix) March 6, 2025
Филмот „Стриптиз“ беше прилично контроверзен своевремено, а минатата година Деми отворено проговори за предизвиците што ги поставува. Таа откри дека многу луѓе мислеле дека секогаш е сигурна во своето тело, но вистината, вели таа, била поинаква.
„Секогаш избирав проекти кои ќе ми помогнат да се соочам со моите несигурности“, признала таа. Таа исто така додала дека отсекогаш ја интересирале „провокативни теми, но не на сексуален начин, туку оние кои ве тераат да размислувате“.
Румер и Деми делеа филмски сет и претходно – една година пред „Стриптиз“, Румер го имаше своето филмско деби во „Сега и тогаш“, каде што се појави покрај нејзината позната мајка.