Актерката Џенифер Анистон била забележана со актерот Педро Паскал во саботата вечерта по тричасовна вечера во хотелот Сансет Тауер, пренесе Дејли Меил. За таа прилика Анистон носеше црни фармерки, бела маица, црн елек и чизми со потпетици, додека Паскал облече црна јакна и фармерки.
Иако актерите пристигнаа одвоено по 20 часот и ја напуштија вечерата нешто повеќе од половина час пред полноќ, исто така одделно, тие беа фотографирани како разговараат еден со друг надвор од сервисната област пред да се разделат. Вечерата доаѓа откако се појавија шпекулации дека Паскал би можел да глуми во серијата на Анистон „The Morning Show“.
📸 GALLERY UPDATE: [March 23, 2025] Pedro Pascal leaving the Sunset Tower Hotel with Jennifer Aniston
More photos at: https://t.co/QxPcQi3qcS pic.twitter.com/qYbYA8go0E
— Pedro Pascal Photos (@photospascal) March 23, 2025
За време на црвениот тепих на наградите Critics Choice Awards, Анистон и нејзината колешка Рис Витерспун го поканија Паскал да им се придружи во четвртата сезона од серијата. „Дали сакате да бидете дел од серијата го праша актерот, на што Витерспун рече: „Чекај, ние всушност имаме навистина добра улога за него“.
Паскал одговорил да им каже повеќе за тоа и прашал дали улогата би вклучувала „нешто романтично со некого“, на што Анистон одговорила: „Со сите нас“. Актерот се пошегувал на тоа, а потоа рекол дека се согласува. „Спијам со сите во шоуто. Во ред е. Океј, треба да проверам кај моите агенти“, рекол актерот.
Продукцијата на четвртата сезона на серијата заврши на почетокот на декември 2024 година.
Инаку, Анистон одамна не се поврзува со никого романтично. Познато е дека таа беше во брак со актерот Бред Пит од 2000 до 2005 година и со актерот Џастин Теру од 2015 до 2017 година. Нејзиниот последен сопруг неодамна повторно се ожени, овој пат за 23 години помладата актерка Никол Брајдон Блум.
Како што претходно пишувавме, парот организираше интимна церемонија во Тулум, Мексико и размени завети на плажа. Теру и Блум се запознале на забава организирана од заеднички пријател, но за првпат биле јавно поврзани во февруари 2023 година.