Џасинда Ардерн, поранешната премиерка на Нов Зеланд, се омажи за својот долгогодишен партнер, свршеникот Кларк Гејфорд на церемонија во винарија на источниот брег на северниот остров во Нов Зеланд, во регионот на Хок Беј каде живее неговото семејство.
Двојката се сврши на почетокот на 2019 година, една година откако станаа родители на девојчето Нева, во јуни 2018 година.
Откако во јануари минатата година неочекувано поднесе оставка како премиер, наведувајќи ја исцрпеноста, Ардерн на својот избраник на прес-конференција му кажа: „Конечно ќе се венчаме“.
JUST IN – Images supplied by former NZ Prime Minister Jacinda Ardern, from her wedding to Clarke Gayford in the Hawkes Bay. pic.twitter.com/jFGiRwv8SZ
— Andrew Macfarlane (@andrewmacfnz) January 13, 2024
Нивните свадбени планови за 2022 година пропаднаа поради ограничувањата за пандемијата, но Џасинда и нејзиниот Кларк, кои беа во врска 10 години, сега успеаја да ја направат својата свадба реалност на церемонија од бајките со пријатели, семејството и политичари.
Тие разменија завети во зачудувачкиот „Craggy Range“ во Хевелок норт во срцето на заливот Хокс во Нов Зеланд. Ардерн го кажа своето судбоносно „I do“ во неверојатна венчаница без ракави со деколте, направена по нарачка од најпознатата дизајнерка на Нов Зеланд и блиска пријателка на Џасинда, Џулиет Хоган.
Јасинда (42) минималистичката креација на едноставен стил ја комплетираше со луксузен вел, чиј дизајн е инспириран од онаа на нејзината мајка, а носеше ефектен букет од орхидеи.
Всушност, чистиот бел превез е неверојатно сличен на оној што го носеше нејзината мајка Лорел кога се омажи за Рос Ардерн пред 47 години.
Косата ја среди во шик фризура, а шминката беше природна и ненаметлива, што одлично се вклопи во свадбениот изглед, бидејќи Џасинда е позната по минималистичките модни комбинации.
Нивната ќерка Нева (5) одеше по патеката со нејзиниот татко, облечена во фустан направен од венчаницата на мајката на Ардерн.
Гејфорд се одлучи за едноставен и елегантен црн костум Замбеси со бела кошула и црна вратоврска. Свадбата се одржа во засенчена област под дрвјата на средината на лозјето, а поранешната политичарка стоеше под сенка благодарение на деверушата која држи чадор за сонце бидејќи температурите во Нов Зеланд во моментов се високи.
Меѓу гостите беа Анет Кинг, познатиот готвач Питер Гордон, лидерот на лабуристичката опозиција Крис Хипкинс и неговиот партнер Тони Грејс и други.