📸„Не се чувствувам добро“: Серена Вилијамс призна дека имала тежок ден

од Stefanija Kuzmanovska
304 прегледи

Серена Вилијамс на својот профил на платформата Х објави емотивна фотографија со помалата ќерка.

Тримесечната ќерка Адира Ривер безгрижно спиела на градите на мајка си.

„Ова многу ме радува“, напишала Серена покрај фотографијата.

Пензионираната тенисерка ја објави оваа фотографија набргу откако на Инстаграм откри дека имала тежок ден.

Таа ја покажа својата ранлива страна поради нејзиното ментално здравје.

„Денеска не се чувствувам добро. И тоа е во ред – да не си во ред. Никој не е добро секој ден. Ако не се чувствувате добро денес, јас сум со вас. Секогаш постои утре. Ве сакам“, напиша Серена.

Инаку, Серена со сопругот Алексис Оханијан ги има ќерките Олимпија и Адира.

Слични содржини