📸Познатата Моника од Пријатели за прв пат во јавност по смртта на Метју Пери: Актерката скршена од болка…

од Vladimir Zorba
383 прегледи

Актерката Кортни Кокс, која се прослави со улогата на Моника во култната серија „Пријатели“, за прв пат беше видена во јавноста по трагичната смрт на нејзиниот колега Метју Пери.

Кортни беше фатена како излегува од ресторан во Нобу во Малибу, и во најмала рака, изгледаше тажно и расеано.

Актерката беше во друштво на своето долгогодишно момче, музичарот Џони Мекдејд.

Во серијата „Пријатели“ Метју и Кортни покажаа како најдобрите пријатели завршуваат во брак, а беа еден од омилените парови, а нивните заеднички сцени и денес ги гледаме на социјалните мрежи бидејќи обожавателите често ги споделуваат.

Освен што заедно глумеа во култната серија, Кортни и Метју беа блиски пријатели.

Серијата „Пријатели“ забележа невиден успех, а и денес припаѓа на една од најпопуларните серии што ја обожаваат сите генерации.

Слични содржини