Актерката Сара Џесика Паркер, позната по улогата на Кери Бредшо во популарната серија „Сексот и градот“, се појави на премиерата на мјузиклот „Smash“ на Бродвеј во Њујорк.
На црвениот тепих и се придружија сопругот Метју Бродерик и нивните 15-годишни ќерки близначки Табита Хоџ и Марион Лорета Елвел. Семејството им позираше со насмевки на фотографите, а сите беа елегантно облечени за оваа посебна пригода.
Љубовната приказна помеѓу Паркер и Бродерик започна во раните 1990-ти, кога ги запозна нејзиниот брат, тогаш уметнички директор на театарската трупа каде што работеше Бродерик. Нивната заедничка страст за театарот брзо ги поврза. Тие се венчаа на приватна церемонија во Њујорк, која гостите ја доживеаја како обична забава, не знаејќи дека присуствуваат на нивната свадба. Сара во таа прилика облекла црн фустан, кој останал запаметен како еден од посебните денови во нивниот живот.
Sarah Jessica Parker and Matthew Broderick Have Family Night Out with 2 Daughters at Opening of Broadway's 'Smash' https://t.co/Xara2TRfgw
— People (@people) April 11, 2025
Иако ретко зборуваат јавно за својот брак, претходно во некои интервјуа нагласија дека меѓусебната комуникација и почитта се клучот за нивната долготрајна врска. Сара често истакнува дека нивната врска е сè уште силна затоа што се сакаат искрено и не се земаат здраво за готово.
Покрај близнаците, парот го има и синот Џејмс Вилки, кој денес има 22 години. Ова е еден од ретките јавни настани каде што тие се видени заедно со нивните ќерки, бидејќи главно го држат својот семеен живот подалеку од медиумското внимание. Сара постојано нагласува дека се труди на своите деца да им овозможи што е можно поедноставно и нормално детство и покрај нејзината слава.