Rowen International најавува нов аеро-кит за Lexus NX F-Sport со неколку слики за јануарското тјунер шоу во Токио.
Досега се објавени две тизер слики, а тие откриваат дека Rowen планирал нов преден спојлер, црни додатоци, комплет прагови, заден спојлер на покривот, како и модифициран заден браник со дифузор и четири издувни цевки за кросоверот на Lexus.

Конечно, пакетот промени е заокружен со комплет нови алуминиумски тркала.
Rowen се уште не ја објави цената на својот комплет за NX, но тие информации се очекуваат непосредно пред почетокот на саемот за тјунери во Токио.