📸Се продава исклучително редок Aston Martin V12 Speedster

од Vladimir Zorba
38 прегледи

Многу редок Aston Martin V12 Speedster беше продаден на аукција на веб-страницата на Sotheby’s. Проценетата вредност на овој автомобил со отворен кокпит и две седишта се движи од 780.000 до 1.080.000 евра.

Овој автомобил нормално може да достигне брзина до 317 km/h, а го придвижува 5,2-литарски „twin turbo“ V12 мотор кој произведува 690 коњски сили и 755 Nm.

Погонот е на задните тркала и може да забрза до 100 km/h за само три и пол секунди.

Инаку, ова е 61-от примерок од само 88 Aston Martin V12 Speedster со отворен кокпит и две седишта. Досега беше „во рацете“ на само едно семејство и помина само 46 километри.

Идниот сопственик на овој автомобил ќе има пристап и до придружната опрема: книшки и пар зелени кациги.

Моделот DBR1 управуван од Керол Шелби и Рој Салвадори останува икона на автомобилската историја, а овој дух на наследство се рефлектира во дизајнот на V12 Speedster. Чувството е исто, се промени само дизајнот и времето во кое ќе се вози овој автомобил.

Aston Martin доаѓа во зелена нане боја, со бели кругови на хаубата и страните на автомобилот и кожни акценти. Во тие тонови се и кацигите кои одат со автомобилот, а она што особено привлекува внимание е тоа што нема покрив.

Се очекува да се продаде до 23 ноември, кога ќе се затвори аукцијата.

Слични содржини