Гласините за разводот на поранешната тениска ѕвезда Ана Ивановиќ (37) и поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер (40) продолжуваат да ги полни насловните страници, а најновите фотографии кои се појавија на социјалните мрежи повторно предизвикаа бура кај фановите.
Имено, и покрај приказните за нивната разделба, на интернет се појавија фотографии на кои Ана и Бастијан изгледаат среќно и заљубено, како меѓу нив да нема никакви проблеми.
Фотографиите кои се направени пред четири дена се објавени како дел од рекламна кампања, а многумина коментираат дека можеби се направени во посреќен период од нивната врска и дека сега се користат само за привлекување на вниманието на јавноста.
„Се надевам дека се уште се заедно“, „Најдобар пар“, „Би било штета да се разведат“, напишаа следбениците.
Иако фотографиите ги збунија фановите, факт е дека парот не беше заедно за време на празниците. Бастијан Швајнштајгер моментално е во Индонезија, што го потврди со објавување фотографија на социјалните мрежи.
„Каде е Ана? прашал еден следбеник, но Бастијан сè уште не одговорил.
Ана Ивановиќ празниците ги помина во Франција каде се подготвува да се врати на теренот. Во Лозана ќе настапи заедно со познатата тенисерка Мартина Хингис (44).