📸„Вака го бранат Косово“: Организаторите на фестивалот „Мирдита“ добија преполовена животинска глава и писмо потпишано од Народна патрола

од Илинка Илиоска
133 прегледи

Програмската директорка на Младинската иницијатива за човекови права, која е организатор на фестивалот „Мирдита, добар дан“, Софија Тодоровиќ, на социјалната мрежа Х објави фотографија од пакетот и писмото кои пристигнале откако, како што изјавила, ѝ се јавило непознато лице и ѝ се претставило како курир. Полицијата ја отворила кутијата, рекол Тодоровиќ, и нашла глава на животно пресечена на половина. Писмото е потпишано од Народната патрола.

„Ми се јави некоја кукавица на мојот приватен телефон, се претстави како курир и го донесе ова. Нема потреба да ви кажувам што има внатре. Пациенти. Добро би било да се сетите дека ова го поддржа државата и дека под слоганот КОСОВО Е СРБИЈА ви фрлаат фекалии“, наведе Тодоровиќ во првичната објава.

Таа објави и фотографија од писмото, потпишана од екстремно десничарската организација Народна патрола.

Во писмото наведуваат дека јасно е дека претседателот на Србија Александар Вучиќ и министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ помагаат во организацијата на фестивалот „Мирдита“.

Се наведува и дека сакаат да му „помогнат на фестивалот“ со „традиционален шумадиски специјалитет во сурова состојба“.

Ние сакаме токму такви специјалитети, а ситуацијата во светот се менува и доаѓаат некои други времиња“, пишуваат „Народна патрола“ и се закануваат дека наскоро ќе бидат во Приштина, Пеќ и Призрен во „маслинесто зелени носии“.

На крајот од писмото се збогуваат на руски и велат „Со љубов од Националната патрола“.

Слични содржини