Карикатуристката на „Вашингтон пост“ Ен Телнис поднесе оставка откако весникот одби да објави карикатура на која се гледаат неколку луѓе, меѓу кои и сопственикот на „Пост“, Џеф Безос, клекнати пред новоизбраниот претседател Доналд Трамп и држат вреќа со пари.
The @washingtonpost REFUSED to publish this Ann Telnaes cartoon. Jeff Bezos is joining @realDonaldTrump in destroying our free press. #resist pic.twitter.com/hkLKn3BeXb
— It’s Really Me (@debant) January 4, 2025
На цртежот се прикажани уште неколку луѓе, меѓу кои и бизнисмените Марк Закерберг, Сем Алтман и Патрик Сун Ксионг, како клечат и држат вреќи со пари пред статуата налик на Трамп, а до нив лежи Мики Маус.
Телнеис, која ја доби Пулицеровата награда, поднесе оставка во петокот вечерта, откако весникот одби да ја објави нејзината карикатура, објави Њујорк Тајмс.