📹 „Кој ја смислил изреката – ‘Село гори, баба се чешла’, мислел на ова“: Туристи се забавуваат додека пожар го голта Сутоморе

од Илинка Илиоска
103 прегледи

Додека пожарникарите неуморно работеа на гаснење на пожарот во Сутоморе, Црна Гора, а жителите беа загрижени за своите животи и имоти, на Инстаграм се појави видео коешто ја подели јавноста.

На само неколку километри од огнот, во подножјето на ридот, луѓето играа оро на шеталиштето, пренесоа повеќе медиуми.

Како што може да се види на видеото, на шеталиштето во Сутоморе играат голем број млади луѓе. Одекнуваат звуци на автомобил и извици, додека во позадина може да се забележи пожарот кој ја зафатил шумата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Видеото брзо стана вирално и предизвика поделени мислења. Додека едни осудуваа, други ги поддржуваа младите луѓе.

„Кој ја смислил изреката: ‘Село гори, баба се чешла’, мислел на ова“.

„Луѓето дојдоа на одмор и секој од нив веројатно има некаков проблем. Кој гледа позитивно на животот, неговиот живот е подобар“.

„Секој што не полудува овде не е нормален!“.

„Дали тие би играле така ако гори улицата каде што живеат“.

„Можно ли е да се расправаме за ова одиграно оро? Секогаш треба да бидете весели, позитивни… Зошто да не играте уште едно. Секој денес има некаков проблем во својот живот. Зошто да не се опуштите, да не играте? Не треба само се да помрачиме и да гледаме негативно“, се само дел од коментарите.

Слични содржини