📹Американка пронајдена врзана во индиска џунгла: Сопругот ја оставил „да умре“

од Илинка Илиоска
57 прегледи

Американката Лалита Каџи Кумар (50), која беше спасена во џунгла во Индија откако ја оставија врзана за дрво за да умре, изјави дека сопругот ја оставил во шумата „да умре“.

Еден локален овчар го слушнал нејзиниот повик за помош и веднаш притрчал да помогне, а токму тогаш ја видел исцрпена и врзана за дрво.  Ја однел во локална болница во критична состојба бидејќи била дехидрирана, не можела да зборува и не јадела неколку дена.

По пристигнувањето на жената во болница, полицијата покренала истрага против нејзиниот поранешен сопруг за обид за убиство.

Таа на полицијата и предала рачно напишана белешка во која навела дека сопругот ја врзал со синџири и дека со денови била во шумата. Наводно, на овој чин му претходела расправија.

„Сега е надвор од животна опасност. Лекарите кои ја лекуваа рекоа дека има психички проблеми. Кај неа најдовме рецепти за лекови“, изјави претставник на полицијата.

Кумар е роденa во САД, но извесно време живеелa во индиската држава Гоа. Официјалните лица се обидуваат да утврдат со кого била во контакт во изминатите неколку месеци.

Властите пронајдоа фотокопија од нејзиниот американски пасош и нејзината национална лична карта. Официјалните лица, исто така, рекоа дека нејзината „виза е истечена“.

Слични содржини