📹Џеј Ло се расплака за време на концертот во Абу Даби и се заблагодари на публиката за поддршката

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Џенифер Лопез се расплака за време на нејзиниот концерт во Абу Даби и реши да и се заблагодари на публиката за поддршката.

Таа истакна дека нивната поддршка била особено трогателна и дека плачела во тие моменти. Лопез на својот Инстаграм профил сподели видео од настапот.

„Ви благодарам многу, ме натеравте да се чувствувам вака“, рече таа.

Овој посебен момент дојде откако Лопез и Бен Афлек беше објавено дека се разведуваат. Имено, Лопез поднела барање за развод на втората годишнина од бракот, 20 август 2024 година.

Својот имот го поделиле според тоа што поединечно го стекнале од многу проекти, а сè уште не е познато како се договориле да ја поделат палатата на Беверли Хилс вредна 60 милиони долари.

Извор близок до Лопез истакна дека во наредната година ја чекаат многу позитивни работи и дека ова ќе биде голема година за неа.

Слични содржини