Иако неодамна објави дека се пензионира, Џим Кери одлучи да се врати на актерството. Во филмот Sonic The Hedgehog 3, тој повторно ќе го отелотвори ликот на Др. Роботник со кого играше и во првите два дела.
„Се вратив во овој универзум затоа што, пред сè, можам да играм генијалец. Второ, купив еден куп работи и ми требаат пари, искрено“, изјави Кери за AP Entertainment.
Jim Carrey explains his return to playing Dr. Robotnik in "Sonic the Hedgehog 3": "I bought a lot of stuff and I need the money, frankly." pic.twitter.com/pIFJPuAyRM
— AP Entertainment (@APEntertainment) December 10, 2024
Признанието предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.
Видеото за краток временски период беше прегледано повеќе од 100.000 пати на X, а под него имаше „зајадливи“ коментари.