📹Ејдан од „Сексот и градот“ денес има 63 години и изгледа подобро од било кога

од Vladimir Zorba
42 прегледи

Актерот Џон Корбет ги освои срцата на многу жени со улогата на Ејдан во серијата „Сексот и градот“.

Неговата љубов со Кери Бредшо, која во споменатата серија ја игра Сара Џесика Паркер, беше една од главните теми на оваа продукција, а овие улоги ги одбележаа кариерите на двајцата.

Во декември 2020 година, Корбет се ожени со својата колешка Бо Дерек, со која беше во долгогодишна врска.

„Се венчавме околу Божиќ. Бо и јас се венчавме“, му рече Корбет на пријателот и водител Џери О’Конел за време на гостувањето во неговото шоу „The Talk“. Малку изненаден, актерот му рекол на Корбет: „Го забележав прстенот и мислев дека ќе те прашам за тоа, но не на телевизија“. Честитки!“

„После 20 години решивме да се венчаме. Не сакавме 2020 година да биде лош спомен за нас, сакавме да го извлечеме најдоброто од неа“, рече Корбет.

Бо Дерек беше секс симбол во 80-тите години, кога во филмот „Десетте“ заведе милиони мажи со нејзините афро плетенки, облечена само во костим за капење во боја на кожа.

Тогаш сите мажи сонуваа таа да им биде девојка, а сите жени сонуваа да станат како неа, но Бо не се гледаше себеси така. Таа беше обична девојка од соседството со големи соништа кои на крајот ги оствари, речиси преку ноќ, и стана холивудска ѕвезда.

Кога имала само 16 години, се заљубила во Џон Дерек, кој бил 30 години постар, а во тоа време се омажила и со него поминала 22 години во брак, а по неговата смрт била убедена дека ќе остане сингл до крајот на нејзиниот живот.

Потоа дошол пресврт во 2002 година кога во нејзиниот живот влегува четири години помладиот Џон Корбет и оттогаш тие се неразделни. Тие се запознале преку заеднички пријател, холивудски агент кој всушност сам сфатил дека тие двајца ќе бидат совршен пар, па ги собрал заедно.

Џон Корбет денес има 63 години и е голем „шмекер“, а многумина коментираат дека актерот изгледа се подобро како што одминува времето.

Слични содржини