По 24 години и големата „неволја“ што ја направи фиктивниот херој Слим Шејди, познатиот рапер Еминем го објави студискиот албум „The Death Of Slim Shady (Coup De Grâce)“. Со новиот албум американската и светска хип-хоп ѕвезда ќе стави крај на ерата што ја одбележа неговата кариера, потсетуваат од Universal music.
Ова е дванаесетти студиски албум на легендарната ѕвезда родена во Мисури и ги содржи сингловите „Houdini“ и „Tobey“, како и 17 сосема нови песни. Неколку дена пред објавувањето на албумот беше објавен спотот за синглот „Tobey“, во режија на Криста Ворби.
Во оваа фаза од неговата кариера, уметникот повторно се бори со антагонистот од неговиот музички каталог кого го нарече Слим Шејди. Но, оваа „монструозна“ страна на музичарот сега е минато. Решил да го „убие“. Затоа што Слим Шејди, тоа алтер его на Еминем го симболизира неговиот гнев и темперамент, додека неговото вистинско име – Маршал Брус Матерс, е сè што останува на крајот од денот, кога ќе се изгаснат сите светла.
Да потсетиме, синглот „The Real Slim Shady“ беше објавен во април 2000 година како увертира на третиот албум на Еминем „The Marshall Mathers LP“. Песната го достигна четвртото место на табелата за синглови на Билборд, односно на врвот на табелата во Велика Британија и беше најголемиот хит на раперот до сега. Траката беше една од најпродаваните синглови на годината, за која Еминем беше награден и со Греми за најдобра рап изведба, а многу влијателни медиуми, како што е NME, ја вклучија во листите на најдобри песни на сите времиња.
Новиот албум го претставува големото враќање на раперот по објавувањето на „Music to Be Murdered By“ од 2020 година, кој собори бројни рекорди и на публиката и даде 20 нови песни, заедно со бројни соработки со влијателни музичари.
Делото на Еминем 15 пати е крунисано со престижната награда Греми, а целата негова дискографија полека се приближува до импресивната бројка од 50 милијарди слушања на музичките платформи, што го прави втор најслушан рапер на глобално ниво.