📹Канје Вест загуби договор од 20 милиони евра поради скандал на Греми наградите

од Vladimir Zorba
1,1K прегледи

Бјанка Ценсори, сопругата на раперот Канје Вест, шокираше со својот моден избор на овогодинешното доделување на Греми наградите. Ценсори пристигна на црвениот тепих во проѕирен фустан и гола одоздола, поради што таа и раперот наводно биле исфрлени од церемонијата во придружба на полиција.

По скандалозното појавување пред фотографите, многумина почнаа да шпекулираат дека Бјанка можеби ќе биде казнета, но тоа нема да се случи, како што пренесува Page Six. Извори од полицијата во Лос Анџелес изјавија дека никој од присутните официјално не се пожалил на облеката на Бјанка. Тие истакнаа и дека се работи за приватен настан.

„Додека облеката на г-ѓа Ценсори несомнено ја премина границата, обвиненијата за непристојна изложеност во Калифорнија бараат намерно и јавно изложување на нечии гениталии со намера да навреди или сексуално возбуди некого. Теоретски е можно, но малку веројатно, таа да се соочи со каков било вид кривично гонење за овој инцидент“, рече адвокатот Андреа Агунтула.

Додека Бјанка можеби нема да се соочи со казни за нејзиниот проѕирен фустан, нејзиниот сопруг Канје би можел да се соочи со други проблеми поради инцидентот. Поради ситуацијата на Греми наградите, тој би можел да загуби договор со меѓународен концерт вреден околу 20 милиони евра, пишува Daily Mail.

„Канје ја зафркна секоја можност што му беше дадена. Овој испад беше морничаво неверојатен и беше дочекан со ужас во Јапонија“, открил извор за странските медиуми. „Јапонија доживува културно будење по прашањето за правата на жените, а движењето „Me Too“ овде е многу силно. Тоа што го направи се смета за чин на присилна контрола, што е целосно неприфатливо. Тој целосно погрешно ја процени јапонската култура“, додаде тој.

Инаку, раперот на доделувањето на Греми се појави во црна, едноставна облека, а Ценсори влезе во салата во црна бунда. Откако накратко им позираа на фотографите, Вест, како што забележаа читателите на усните, и рече да „направи сцена“, а Бјанка потоа го соблече палтото.

Најпрво го покажа задниот дел од „аутфитот“, а потоа се сврте и покажа дека не носи ништо под проѕирниот фустан.

Слични содржини